Над 200 возачи казнети за 24 часа во Скопје

Макфакс

27/06/2019

10:31

693

Големина на фонт

а а а

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 6.00 часот на 26.06.2019 до 6.00 часот на 27.06.2019 година спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа, откриени се 106 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што се соодветно санкционирани. Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 39 прекршочни платни налози.

На 26.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се санкционирани 20 возачи на мотоцикли. Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.



Спонзорирани линкови

Маркетинг