Истрагата покажа: Две потенцијални причини за пожарот во Нотр Дам

Макфакс

27/06/2019

08:58

1.086

Големина на фонт

а а а

Краток спој во електричната инсталација или запалена цигара се можни причини за пожарот во кој беше тешко оштетена катедралата Нотр Дам, соопштија француските власти.

Во соопштението на обвинителството во Париз се вели дека истрагата е водена за можно невнимание, но дека нема причина да се верува дека пожарот е намерно предизвикан.

„Истражителите досега не успеаа да пронајдат причина за пожарот. Засега нема никакви индикации за кривично дело, се наведува во соопштението. 

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одреди цел во рок од пет години да се обнови катедралата, која датира од 12 век.



Спонзорирани линкови

Маркетинг