Пожарот во Нотр Дам не е последица на криминално дело

Макфакс

26/06/2019

17:51

1.082

Големина на фонт

а а а

Француските власти немаат основа за верување дека пожарот кој во април ја уништи париската катедрала Нотр Дам, е последица на криминално дело, соопшти канцеларијата на париското обвинителство.

Одредени недостатоци можат да го објаснат обемот на пожарот, но до денеска не се утврдени преичините, се наведува во соопштението на парискиот обвинител, Реми Хејц. Тој додава дека е покрената истрага за можното невнимание кое го предизвикало пожарот.

Огромен пожар ја зафати катедралата Нотр Дам, во кој изгорен покривот на црквата, а пожарникарите успеаа да го спасат главното ѕвоно, кулата и надворешните ѕидови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг