Сакате на Бали, но не знаете кога е најдобро време за тоа патување?

Точка

26/06/2019

15:48

4.302

Големина на фонт

а а а

Последните години станало тренд "далечните дестинации" да се посетуваат во текот на зимските месеци, што не чуди ако се оди на места каде тогаш е лето и времето е убаво. Одмор за душата и телото во тропски краишта во време кога тука има снег и температури во минус? Звучи егзотично и примамливо.

Сепак, не е истиот случај ако планирате да патувате на Бали. Иако за патниците од нашите простори секако се вбројува во далечни дестинации, прекрасниот индонезиски остров има таква клима што во период од ноември до декември паѓа најголема количина на дождови, па овие месеци би требало да се избегнуваат ако сакате да уживате во убавините на Бали. 

Зошто би требало да размислите за патување на Бали во септември или октомври?

Иако "главната сезона" ги опфаќа јули и август, би било подобро да се избегнат овие месеци, освен ако сте љубител на големи метежи и цени кои се значително повисоки токму во овој период.

За сите кои сакаат да уживаат во убавото време, да го разгледаат островот и активностите со помалку метеж и цени пониски и до 50 проценти во однос главниот дел од сезоната, септември и октомври се дефинитивно месеците во кои би требало да планирате патување на Бали. Бројот на дождливи денови и натаму е мал, а тогаш е најдобро време за спортови на вода, нукрање, сурфање...

Многу туристи изнајмуваат автомобили или мотори за да видат повеќе од островот, па може да се нагласи дека метежот на улиците е значително помал во овој период.

Тоа што секако влегува во "не пропуштајте" на Бали се фамозните пејзажи и културното богатство. Танах Лот е најимпозантен храм на островот. Покрај него тука се и храмовите Улувату и комплексот храмови Бесаких.

Погледот на Тегалаланг тересата е панорамски и е нешто магично, а посебно искуство ќе ви причини и посетата на Шумата на мајмуните на работ на Убуд. Кога ќе го посетите Убуд, задолжително неколку часа посветете на Маркетот на уметноста во Убуд. Велат дека ако го сакате најчудниот, најрелаксиран одмор кој ќе ве подмлади - задолжително посететете го Убуд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг