Ја отвори бикини сезоната: Познатата актерка во 50-те години ја покажа завидната фигура

Точка

25/06/2019

22:01

4.861

Големина на фонт

а а а

Една од омилените американски актерки, Џенифер Анистон, која оваа година го прослави 50-от роденден, го покажала својот изглед на кој многу помлади колешки можат да ѝ завидат.

Актерката е фотографирана во минијатурно бикини кое во прв план го ставило нејзиното тело, но и убавите облини на Анистон.

Џенифер со својата појава привлекла внимание на прославата на 55-от роденден на најдобрата нејзина пријателка, Кортни Кокс.

Другарките се забавувале во луксузно сместување покрај океан и уживале во зраците на сонцето во костими за капење.

На истото место во февруари оваа година актерките го прославиле и роденденот на Џенифер Анистон, која денес изгледа посреќно и подобро од било кога, иако е сама.

Џенифер не излегува со никого и моментално е многу задоволна и исполнета со работата, потврдил за магазинот „People“ нејзин близок извор.

Заводливата линија ја покажала и самата славеничка, која на Инстаграм објавила заедничка фотографија со Џенифер и Лиз Кудро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг