Со неверојатни рефлекси го спасила синот од пад по скали

Точка

25/06/2019

17:28

4.162

Големина на фонт

а а а

Надзорната камера снимила момент кога една мајка со неверојатни рефлекси успеала да го спаси синот од пад по скали од четвртиот кат.

Снимката од градежната компанија “Monserrate” покажува мајка и син кои излегуваат од лифт со еден доставувач. Додека мајката чека некој да ја отвори вратата, љубопитното детенце отишло до оградата на скалите и се чини дека ги става рацете на она за што претпоставува дека е стаклена плоча. 

Детето изгубило рамнотежа и почнало да паѓа, но неговата мајка, за која се чини дека во моментот зборувала на телефон, се фрлила преку работ на оградата за да го зграби синот, што ѝ успеало.

Доставувачот брзо истрчал на долниот спрат, а вработените од градежната компанија веднаш притрчале напомош штом сфатиле што се случило. За среќа, мајката успеала да го задржи синот и да го врати на сигурно.

Инцидентот се случил во средата во Меделин, Колумбија. Видеото станало вирално на социјалните мрежи и веднаш предизвикало поделени реакции. Некои ги пофалиле рефлексите на мајката, но имало и такви кои ја нападнале бидејќи зборувала на телефон наместо да внимава на детето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг