Експлодирала бомба од Втората светска војна - кратерот е огромен

Точка

25/06/2019

16:15

3.902

Големина на фонт

а а а

Експертите кои излегле на терен се речиси сигурни дека станува збор за бомба од Втората светска војна. Сметаат дека била тешка околу 250 килограми и дека ја фрлиле од авион.

Силната експлозија ги шокирала жителите на германски Лимбург во неделата во раните утрински часови. Полицијата тврди дека не се сигурни што ја предизвикало, но постои сомнение за бомба од Втората светска војна. 

Размерите на експлозијата најдобри ги покажува фотографијата која ја снимил дрон. Бомбата оставила кратер широк 10 метри и длабок 4 метри.

Експертите кои излегле на терен се речиси сигурни дека станува збор за бомба од Втората светска војна. Сметаат дека била тешка околу 250 килограми и дека ја фрлиле од авион. Неактивни бомби често може да се пронајдат ширум Германија, јавува "BBC".

Жителите на градот рекле за британски медиуми дека пругата во близина била мета на бомбардирање во последните денови од војната и дека слични бомби веќе пронашле во близина. Иако не експлодирале на време, поради пропаѓањето може да се активираат.

Локален експерт за BBC рекол дека е поголема веројатноста да ве погоди гром, отколку да бидете жртва на таква бомба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг