Анабел е злобната кукла од најпознатите вистинити случаеви на паранормалните експерти Еда и Лораин Ворен, а првпат ја видовме во хорор хитот „Повикување на злото“.
Анабел моментално се чува во стаклен излог во музеј во Конектикат, со знак за предупредување: „Не чепкај!“, каде што единствен кој ја гледа е свештеникот кој доаѓа двапати месечно.
И овојпат продуцент на филмот е Џејмс Ван, создавачот на светот „Повикување на злото“. Продуцентот Ван отсекогаш бил фасциниран од таа кукла и веќе во текот на снимањето на првиот филм размислувал целиот филм да ѝ го посвети неа.
„Ние знаеме дека куклата е снова на таквото зло па затоа постојано мора да биде заклучена... Но, како всушност дошло до тоа?“
Демонолозите Ед и Лораин Ворен, одлучни да спречат уште една катастрофа, ја носат опседната кукла Анабел во својот дом, оставајќи ја на “сигурно“ зад светото стакло и го повикуваат свештеникот на свет благослов. Но, една ноќ Анабел успева да ги пробуди злите духови во собата на кои мета им станува десетгодишната ќерка на Ед и Лораин, Џуди.