Со свежи импресии од градот на светлина се врати Огнен Здравковски со пријателите од „Ѕвездите на Гранд“, кои беа под менторство на Марија Шерифовиќ. Зошто одлучила да ги однесе Марија во оваа метропола и како си поминале дознаваме од Огнен кои споделува екслузивни фотографии и со вас читателите на Точка.
- Го прошетавме скоро цел Париз. Ги посетивме сите битни места што се во градот,најпосетувани туристички атракции, како: "Шанзелизе", "Триумфалната Капија", "Нотрдам", "Ајфеловата Кула", итн.
[Уште од 1836-та година, Триумфалната порта стои како симбол за цврстината на Париз. Направена во чест на армиите кои се бореле во Револуцијата и Наполеоновите војни]
- Марија е иста и пред камери и позади камери.. Пред се она е човек со преголемо срце, што ако те засака се ќе направи за тебе.. Она во моето срце и во мојот живот ќе има посебно место засекогаш!!!
[Париз е многу дождлив град и додека на листата според врнежи на годишно ниво Лондон е на 33-тото место, Париз се наоѓа на 24-тото, па така деновите неретко се сиви и облачни]
- Не излегувавме во дискотеки. Сакавме да одмориме од се затоа и отидовме таму
[Французинките немаат „строго чувана тајна“ за убавина, тие едноставно не сакаат пренападна шминка и сакаат кежуал стил]
- На секаква, се слушаме, не пребираме ништо.. Пред се нормално да е добра и квалитетна..
[Цените се многу високи и може да платите за ноќ во хотел со 3 ѕвезди да дадете сума од 100 до 150 евра]
- Ќе ги паметам шалите и дружбите помеѓу нашиот тим, а највеќе возењето низ целиот Париз со електричните тротинети:). Има многу незаборавни случки, ама нека останат тајна.
[Париз само во 2017 година го имаат посетено рекордни 40 милиони луѓе и системот за одржување не може да постигне да биде чист]
(А.В.)