Се огласил Трамп за обвиненијата за силување на новинарката: Никогаш во животот не сум ја сретнал таа личност! Нема фотографии и снимки, бидејќи не се случило

Точка

22/06/2019

15:24

2.809

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ја негирал изјавата на новинската уредничка од Њујорк дека сексуално ја злоставувал во кабина за пресоблекување во една стоковна куќа на Менхетн кон средината на 90-тите и рекол: "Никогаш во животот не сум ја сретнал таа личност".

Тврдењата за тоа во петокот ги изнела Џин Керол, најавувајќи ја својата книга за "одвратните мажи", кои таа колумнистка и уредничка на "Ел" ги сретнала во текот на животот. 

Керол напишала дека имала пријателска средба со Трамп во стоковна куќа "Бергдорф Гудман" во 1995 или 1996-та година, но дека тој ја притиснал кон ѕидот во кабината за пресоблекување, и ги откопчал панталоните и се наведнал кон неа. Керол рекла дека по колосална борба го турнала и побегнала од продавницата.

Во својата вчерашна изјава, Трамп тие тврдења ги нарекол "лажни вести" и рекол дека за тоа нема докази: "Нема фотографии? Нема надзор? Нема видеа? Нема извештај? Нема изјава на продавницата? Би сакал да им се заблагодарам на "Бергдорф Гудман" што потврдија дека нема никакви видео снимки за таков инцидент, бидејќи тоа никогаш не се случило", додал тој.

Во текот на претседателската кампања во 2016-та година, повеќе од 10 жени го обвиниле трамп за сексуално злоставување во раните години. Трамп ги демантирал тие наводи и рекол дека жените лажат.

Додека тие случаи во главно се однесувале на допирање и бакнување без согласност, Керол наводно била силувана.

Керол која сега има 75 години, во својата книга напишала дека Трамп ја препознал како "советничка за купување" кога дошол во стоковна куќа. Рекла дека ја замолил да му помогне да одбере подарок за девојка, на што таа се согласила.

Керол рекла дека Трамп предложил купување надолна облека, одбрал и ја повикал Керол да го облече. Ја однел во кабината за пробување, каде, како што навела, Трамп ја притиснал за ѕидот и ја нападнал, а тоа траело помалку од три минути.

Керлол вели дека немало никој друг во кабината и дека поднела пријава во полицијата. Рекла дека, меѓутоа, тоа им го раскажала на две пријателки новинарки, од кои едната ја советувала да повика полиција, а другата да молчи.

Трамп во 2005-та година бил снимен како се фали со тоа што допира жени за гениталии и ги бакнува без дозвола. Кога таа снимка била објавена пред изборите, Трамп рекол дека никогаш не го прави тоа и дека таа снимка е само "машки разговор во соблекувалната".




Спонзорирани линкови

Маркетинг