Уловил џиновска златна рипка од 14 килограми: Открил дека тоа е еден многу редок вид стар 100 години

Точка

21/06/2019

21:27

5.636

Големина на фонт

а а а

Во езерото во близина на Брејндер во Минесота, рибарот Џејсон Фугејт уловил необична риба од 91 центиметар и 14 килограми. Иако изгледа како "џиновска златна рипка", експертите велат дека тоа е всушност мутант од големо бафало, посебен вид на риба која би можела да има најмалку 100 години.

Фугејт рекол дека не знаел дека рибата е мутант, бидејќи имал слични улови, но во овој случај го збунила бојата. 

Големото бафало обично е темно-сиво и има значително помала уста.

Фугејт, заинтригиран од уловот го контактирал професорот Лакман, биолог од Државниот универзитет на Северна Дакота, кој на основа на прегледот на рибата и структурата во внатрешното уво, утврдил дека е стара минимум 100 години.

И самиот бил изненаден од бојата на рибата, а претпоставува дека станува збор за некоја генетска мутација.

"Бев прилично шокиран бидејќи тоа беше навистина живописна, голема, портокалова риба. Никогаш не сум видел риба со таква боја. Иако имам проучено илјадници бафало риби, оваа прилично ме изненади", рекол доктор Лакман.

Рибарот рекол дека оваа риба е многу ретка, и дека не би ни ловел ако знаел што ќе извлече.

Мистериозната риба, вели, ќе ја препарира и ќе ја чува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг