Ако мислевте дека згибовите се тешка вежба, тогаш обидете се да направие еден со дополнителна тежина од 120 килограми.
Матвеј Златоверкоников полека станува хит на интернет, бидејќи редовно објавува неверојатни фитнес видеа. Задоволство му е да ги прави популарните вежби со голема тежина, па така прави згибови, пропаѓања, клекнувања и склекови со тегови од над 100 килограми.
Матвеј е висок 182 сантиметри и тежок е 92 килограми, а желба му е своето тело да го трансформира и да ги зајакне границите на човечката способност.
Иако почнал да ги прави вежбите со милимална тежина, сега успеал да дојде до толку голема тежина, што луѓето полека почнале да го забележуваат, а за тоа зборува и неговата популарност на социјалните мрежи.
Личниот рекорд на Матвеј е подигање на 125 килограми - правејќи згибови и 180 килограми додека прави пропаѓање, што е навистина неверојатно. Погледнете ги неговите видеа, и ќе се уверите колку ова момче е всушност силно.