Протекоа детали за одлуката која го доведе светот пред војна: Иранците потврдија - Трамп нѐ предупреди за нападот!

Точка

21/06/2019

16:12

3.047

Големина на фонт

а а а

Техеран во текот на ноќта преку Оман примиле порака од американскиот претседател Доналд Трамп кој ги предупредил дека нападот на Иран е неиизбежен, откриваат високи функционери од иранската влада за британската новинска агенција „Ројтерс“.

„Трамп во пораката наведе дека е против било каква војна со Иран и дека сака да разговара со Техеран за најразлични прашања. Тој даде краток рок за одговор, но од Иран му беше одговорено дека останува на врховниот лидер Али Хамнеи да одлучи за тоа прашање“, открил еден од функционерите кој сакал да остане анонимен.

Другиот функционер открил дека Техеран јасно дал до знаење дека врховниот лидер е против било какви разговори, но дека пораката ќе му биде проследена за да донесе конечна одлука околу предлогот на Трамп.

„Му рековме на оманскиот посредник дека секој напад на Иран ќе има регионални и меѓународни последици“, откриваат тие за „Ројтерс“.

Инаку, новинарите на „Ројтерс“ разговарале со иранските функционери откако од „Њујорк Тајмс“ објавија дека Доналд Трамп синоќа одобрил воен напад на Иран како одговор на соборувањето на американскиот дрон, но од нападот се откажал во последен момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг