Трамп ја разрешил дилемата: Ќе се состанам со Путин во Јапонија! Сакам да бидам пријател со Русија и мислам дека ќе бидам

Точка

20/06/2019

21:44

3.024

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека ќе разговара со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Кси Џинпинг на маргините на самитот Г20 во Осака.

"Сакам да бидам пријател со Русија и мислам дека така и ќе биде. Сакам да бидам пријател со Кина и мислам дека така и ќе биде", одговорил Трамп на прашањето на новинарот на "Fox News" за тоа како го гледа развојот на односите со рускиот и кинескиот лидер. 

"Ќе имам состанок со двајцата наредната недела во Јапонија на Г20", додал Трамп.

Тој нагласил дека на влошувањето на односите меѓу САД и Русија влијаел "ловот на вештерките", мислејќи на истрагата за мешањето на Москва во американските избори со која се занимавал специјалниот обвинител Роберт Милер.

"Ќе имаме добри односи со Русија и Кина. Тоа е многу важно", нагласил американскиот лидер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг