Американците потврдија: Со ирански проектил е соборен нашиот дрон

Точка

20/06/2019

15:21

2.309

Големина на фонт

а а а

Американски функционер кој побарал да остане анонимен потврдил дека со ирански проектил бил соборен дронот на американската морнарица, меѓутоа дронот бил срушен во меѓународен воздушен простор.

Тој за новинската агенција “AP” открил дека станува збор за дрон на американската морнарица од типот “MQ-4C Triton”, а засега не е познато времето на соборувањето на американското беспилотно летало од страна на иранската армија.

Претходно, капетанот на морнарицата и портпаролот на Централната команда на американската армија, Бил Урбан порача дека американската армија не летала во иранскиот воздушен простор: „Ниту едно американско летало не беше во иранскиот воздушен простор“.


Од иранската Револуционерна гарда предупредија дека нема да дозволат агресија над нивната држава.

„Соборувањето на американскиот дрон е јасна порака до Америка. Нашите граници се црвена линија за Иран и силно ќе реагираме против било каква агресија. Иран не сака војна со ниту една земја, но целосно сме подготвени да се браниме“, изјави врховниот командант на иранската Револуционерна гарда, Хосеин Салами, тврдејќи дека американскиот дрон навлегол во ирански воздушен простор.


На официјална реакција од САД и натаму се чека, но не треба посебно да се истакнува дека ова значително ќе ги заостри тензиите на релација Вашингтон – Техеран. Доколку леталото навистина е срушено во меѓународен воздушен простор, тоа Американците ќе го означат како директен напад на американската армија, а таквата ситуација може да води кон воена ескалација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг