Мајсторијата на Барди избрана за гол на сезоната од слободен удар во Шпанија

Дерби

20/06/2019

12:22

1.198

Големина на фонт

а а а

Енис Барди повторно се најде на врвот во шпанскиот фудбал затоа што во изборот на Ла Лига го има најубавиот гол од слободен удар за сезоната што измина.

Барди го постигна погодокот на средбата против Хетафе уште во 8. коло од минатата сезона. Нашиот репрезентативец го има најубавиот гол во конкуренција на Лео Меси, Рубен Алкараз, Кристијан Тељо и Бењат Ечеберија.

Инаку изминатата сезона Барди ја заврши со три постигнати погодоци и четири асистенции и повторно беше меѓу најзаслужните што Леванте обезбеди опстанок во Ла Лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг