Вардар со нова стратегија: Двајца македонски репрезентативци на радарот на европскиот шампион

Дерби

19/06/2019

17:02

2.186

Големина на фонт

а а а

Европскиот и македонски шампион Вардар полека почнува да го крои тимот со кој ќе влезе во одбрана на двете титули следната сезона.

Откако го назначија тренерот на клубот, Давид Хосе Писонеро, „црвено-црните“ сега се насочуваат кон комплетирање на играчкиот кадар во пресрет на следната сезона.

Веќе пишувавме дека Филип Ивиќ е најсериозен кандидат за голманската позиција, а сега дознаваме дека почесниот претседател на клубот, Михајло Михајловски изразил голема желба во Вардар да го види Мартин Серафимов.

Ракометарот на Металург кој игра на позиција десен бек е посочен како светла иднина на македонскиот ракомет и наследник на Кирил Лазаров, но покрај од Вардар интерес за него има и од некои германски клубови. Информациите на „Дерби“ говорат дека имало средба меѓу двете страни на која биле искажани позитивни нешта за можната соработка, но засега нема ништо официјално, освен потврда преку порталот „Вардар Фанс“ дека постојат разговори и провизорен интерес.

Освен Серафимов, со Вардар се поврзува и левото крило на Металург и репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски. И овој трансфер е „само“ во најава, но се верува дека Серафимов има поголеми шанси да го облече црвено црниот дрес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг