Предупредување од Словенија: Рама е албанскиот Милошевиќ, ќе ја доведе земјата до војна!

Точка

19/06/2019

18:01

5.411

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер Еди Рама, судејќи според неговото политичко делување, се повеќе потсетува на „албански Милошевиќ“, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии “IFIMES” во Љубљана, Словенија.

Од институтот предупредуваат дека актуелната ситуација во Албанија е премногу загрижувачка затоа што веќе сега има индикации за избивање на граѓанска војна во земјата.

Во најновата анализа на институтот до Љубљана за актуелната ситуација во регионот на Западен Балкан, аналитичарите сметаат дека голема е веројатноста во Албанија да избие вооружен конфликт. Патот кон стабилизацијата на ситуацијата се гледа само во формирање на транзициска влада која ќе подготви терен за фер и слободни избори, затоа што во спротивно, Рама ќе ја доведе Албанија до граѓанска војна.


Во анализата на “IFIMES” е истакнато дека албанскиот премиер Еди Рама на сомнителен начин, односно со корупција, успеал да оствари некакво влијание во Брисел.


Од “IFIMES” потсетуваат дека Албанија од 1991-ва до 1997-ма година веќе беше на работ на граѓанска војна. Аналитичарите сметаат дека албанската опозиција е најдржавотворна од сите опозиции во регионот и силно се спротиставува на „омразениот режим на Еди Рама“. 

Тие сметаат дека одлагањето на локалните избори во Албанија, закажани за 30-ти јуни оваа година е неизбежно. Се укажува дека актуелните случувања во Албанија и нестабилноста во регионот може да се пренесе во Србија, па затоа се поставува прашањето на кого му одговара хаос на Балканот и кои се намерите кои се кријат зад ова.


Според љубљанскиот Институт, важно е да се обезбеди мир и стабилност во регионот и предупредуваат дека секоја дестабилизација во Србија може да го загрози целиот регион и да започне спирала на насилства.

„Нерешавањето на косовското прашање го држи целиот регион во состојба на неизвесност и латентна нестабилност. Воведувањето на царините против Србија и Босна и Херцеговина дополнително ги комплицира веќе комплицираните односи на Балканот. Македонија направи историски напредок под водство на премиерот на државата Зоран Заев и заслужи одредување на датум на почеток за преговори со Европската унија, меѓутоа ЕУ се уште се двоуми“, укажуваат аналитичарите на “IFIMES” и истакнуваат дека таквото однесување на Брисел може на ЕУ да ѝ се врати како бумеранг, затоа што без јасна политика кон Западен Балкан и проширувањето на ЕУ, овој регион може засекогаш да биде загубен.

Државите на Западниот Балкан, според Институтот од Словенија можат да ја променат својата геополитичка ориентација, а тоа може да се случи во една ситуација кога Европската унија се наоѓа во длабока криза и има неизвесна иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг