Трамп ja имитирашe Хилари: Ако победам, ќе ме поддржиш ли?

Макфакс

19/06/2019

13:29

1.098

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја почна својата втора претседателска кампања за изборите во 2020 година на кои противник ќе му биде еден од 23-та демократи што ќе биде избран за негов противкандидат, пренесува „Спутник“.

На собирот за реизбор пред големиот број подддржувачи во Орландо, на Флорида, Трамп ја имитираше Хилари Клинтон. Трамп се присетио како таа во 2016 година, во текот на тогашната кампања, го праша дали ќе ги прифати резултатите од изборите.

Трамп ги воодушеви присутните имитираќи го гласот на Хилари Клинтон.

„Се сеќавате кога на една од дебатите Хилари ме праша: ’Ако победам, ќе ме поддржиш ли?‘Но, мора да бидам искрен дека не ѝ дадод сјаен одговор. Тоа можеби беше најтешкото прашање во дебатат. Неверојатно е што сега се случува спротивното, зарем не,“ рече Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг