Претседавачот на ОБСЕ во посета на Северна Македонија

Макфакс

19/06/2019

09:35

1.012

Големина на фонт

а а а

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, престојува во посета на Северна Македонија.

Лајчак ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг