Трамп во Орландо ја почна кампањата за изборите во 2020 година

Макфакс

19/06/2019

08:54

862

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година. Тој на собирот во Орландо, Флорида рече дека ривалската Демократска партија сака да ја „уништи земјата“ и ги нападна медиумите за лажни вести.

Трамп се очекува да ја добие номинацијата за претседателски кандидат на Републиканската партија. Се уште не е познат кандидатот на Демократската партија. Досега има пријавено 20 претенденти, а на анкетите води поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг