Балотели се сели во Парма?

Точка

18/06/2019

16:01

1.190

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели ова лето и дефинитивно ќе го промени клубот.

Балотели во јануари се пресели во Олимпик Марсеј каде што потпиша договор на шест месеци, па со оглед на тоа што досега не му е понудено продолжување на соработката, голема е веројатноста да заигра за нов клуб.

Според италијанските медиуми, од неколку клубови од Серија А тој добил понуди, а најпримамлива била понудата на Парма. Сепак, Балотели наводно побарал плата од четири милиони евра по сезона, па останува да видиме дали управата на Парма е подготвена да му даде толку висока плата.

Инаку, Марио Балотели зад себе има одлична полусезона во дресот на Олимпик Марсеј – на 12 одиграни натпревари постигна 8 погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг