Трамп „мисли дека знае“ кој стои зад нападите на 11-ти септември: Не, тоа не е Ирак

Точка

18/06/2019

15:57

1.914

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „мисли дека знае“ кој е одговорен за терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001-ва година, но за тоа нема да зборува јавно.

Претседателот на САД, во интервјуто за “ABC” говореше за американската инвазија на Ирак во 2003-та година до која дојде откако во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон во 2001-ва година загинаа речиси 3 илјади луѓе.

„Ирак не го сруши Светскиот трговски центар. Тоа не беше Ирак. Тоа беа други луѓе и мислам дека знам кои се тие. Мислам дека знаете и вие“, изјави Доналд Трамп.


Администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш после нападите во Њујорк и Вашингтон изврши инвазија на Ирак, тврдејќи дека тогашниот ирачки претседател Џорџ Буш поседува оружје за масовно уништување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг