Ризични по живот: Избегнувајте ги овие 5 отровни намирници како што знаете и умеете

Точка

18/06/2019

10:44

3.997

Големина на фонт

а а а

Бил Марлер е американски адвокат кој е популарен по тоа што во својата кариера успеал да собере 600 милиони долари отштета во корист на клиенти кои тешко, “благо“ или фатално страдале од неисправна храна.

Како што пренесуваат од „Express“, тој вели дека одреден ризик не се исплати,а со оглед на искуството кое што го има сметаме дека треба да му веруваме.

Сирови школки

Марлер во последните пет години имал пораст на случаи со труење од школки. Тој тврди дека главната причина за тоа е што самите школки се хранат лошо поради промена на климата. Како што тврди Бил, тие филтрираат вода во која се наоѓаат бактерии така што и самата школка ја филтрира бактеријата која останува во неа.


Однапред измиена или исечена салата или овошје

Оваа категорија Марлер ја избегнива како куга затоа што сè повеќе храна се обработува, сече, поминува низ повеќе раце и поголема е шансата “по пат нешто да собере“. Тој купува неизмиено, недопрено овошје и зеленчук во мали количини за да може што побрзо да го изеде и да го намали ризикот од развивање на смртоносни бактерии кои нстануваат на температурата во фрижидерот.

Крваво месо

Бил изјавил дека секој негов хамбургер кој го изел во последните 20 години бил добро испечен и тоа со добра причина. Како што изјавил тој, причината зошто производите од мелено месо се проблематични и потребно е темелно и термички да се обработат е во тоа што секоја бактерија која се наоѓа на површината од месото може да се сомеле внатре во него. Исто така тој изјавил: „Доколку не се пече на оган посилен од 71 степен, може да настане Ешерихија коли, салмонела и други бактериски болести“.


Сиров грав

Неприготвените и слабо готвените производи поврзани се со повеќе од 30 бактериски епидемии (воглавно салмонела и Ешерихија коли) во Америка од средината на деведесеттите. Во 2014-та година, салмонелата од зрната грав “пратила“ 19 луѓе во болница.

Непастеризирано млеко

Непастеризираното млеко кое понекогаш се нарекува сирово млеко, може да биде преполно со бактерии, вируси и паразити. Помеѓу 1998-та година и 2011-та година имало 148 труења од храна која била поврзана со сирово млеко и произвои од сирово млеко во САД. Како нешто помалку ризично, Бил го предложува непастеризираниот сок, но тој лично го одбегнува и него како и млекото.





Спонзорирани линкови

Маркетинг