Потрошија милијарди за изградба на метропола сред пустина, а сега тоа е град на духови: Еве што тргнало наопаку...

Точка

17/06/2019

21:50

24.085

Големина на фонт

а а а

Напуштениот град на духови во Иран, со облакодери кои се издигнуваат сред пустина изгледа како некоја сцена од научно-фантастичен филм.

Таму никој не живее, нема автомобили, нема паркови, туку само се издигаат високи згради. Станува збор за градот Пардис кој е оддалечен на 50тина километри од иранскиот главен град Техеран.

Пардис е дел од проектот „Мехра Мер“ кој во 2010-та година започна да го гради „Кузу Груп“. Сепак, како и кај бројните такви големи градежни проекти, не одело се според планот. Дел од градот Пардис, поточно населбата „Фаза 11“, денес изгледа како град на духови, иако тоа требаше да биде круната на владеењето на Махмуд Ахмадинеџад кој многумина го сметаа за „кралот на сиромашните“.

Неговиот план бил да се изгради урбана заедница која би била поврзана со јавен градски превоз, би имала болници, училишта и паркови, односно неговиот план бил реконструкција и модернизирање на тој сиромашен крај.

„Во изминатите години, низа на вакви стамбени единици се изградени ширум Иран. Потрошени се милијарди за да се изградат 17 нови градови и конкретно 1,5 милиони стамбени единици. Целта на ваквите проекти е да се растоварат големите градови во кои поради пренатрупаноста, инфраструктурните проблеми, сообраќајот и високите ценови на изнајмување и купување на станови се потешко се живее“, вели фотографот Маноло Еспалио кој посетил бројни вакви неуспешни проекти.

Сепак, тогаш очигледно малку се размислувало за условите за живот во новиот град, па набрзо после изградбата на зградите иранските власти сфатиле дека тие 200 илјади луѓе, колку што било предвидено да го населат Пардис, не би имале пристап до вода, греење и канализациски системи.

Покрај тоа, градењето на овој голем проект започнало во време на голема инфлација и почеток на економска криза, по што дел од проектот бил стопиран, иако зградите веќе биле подигнати.

Облакодерите наменети пред се за сиромашните останаа празни, а за проблемот на сиромашните граѓани и натаму нема решене. И додека „Фаза 11“ е целосно празен дел од градот, живот има само кон центарот на новиот град, односно од „Фаза 1“ до „Фаза 3“. Во тие згради во најголем дел живеат работниците од сиромашниот дел на Техеран и околните села. Тие сочинуваат околу 90% од популацијата на целиот град која се проценува на околу 70 илјади жители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг