Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Макфакс

16/06/2019

11:13

2.029

Големина на фонт

а а а

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена област на Нов Зеланд.

Потресот се случи во 10.55 часот по локално време, на длабочина од 34 километри и на околу 928 километри североисточно од градот Тауранг во северниот дел на Нов Зеланд.

„Може да се очекуваат невообичаено силни и опасни струи, како и непредвидливи бранови. Тоа би можело да претставува закана за активности на плажите, пристаништата, како и за пловидба на мали бродови“ соопшти Центарот за предупредување за цунами во Пацификот.

Се оценува дека бранови од околу 30 сантиметри би можеле да погодат некои острови во јужен Пацифик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг