Америка пронајде виновник за нападот на танкерите во Оманскиот Залив: „Според нас одговорна е иранската влада“

Точка

13/06/2019

22:09

3.227

Големина на фонт

а а а

САД сметаат дека Иран е одговорен за нападот на танкерите во Оманскиот Залив, изнавил американскиот државен секретар, Мајк Пампео.

„Мислењето на американската влада е дека за овој напад е одговорна иранската влада“, рекол Помпео обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа.

„Проценката на Владата на САД дека Иран е одговорен за нападот се базира на информации добиени од нашите тајни служби, потоа на информации за оружјето кое е користено во нападот и за нивото на стручност кое е потребно за да се изврши таков напад. Исто така, нашата проценка за одговорноста на Иран за овој напад се заснова на сето она што го знаеме за неодамнешните ирански напади и фактот дека ниедна друга група која делува во таа област нема ниту ресурси, ниту знаење за таква софистицирана акција“, рекол Помпео, пренесува CNN.


Ирански официјален претставник претходно изјави дека Иран нема никаква врска со експлозиите на двата танкера кои се случија денеска.

САД претходните напади врз трговски бродови ги нарекоа неприфатливо делување, а пред Советот за безбедност на ОН за нападите на два нафтени танкера во Оманскиот Залив, по кои еден се запали, рекле дека таквите акции покренуваат сериозна загриженост.


Дипломати од Советот за безбедност изјавиле дека САД имале намера да го покренат прашањето за „безбедноста и слободата на пловидбата“ во Оманскиот Залив, за време на состанокот на Советот за безбедност кој се одржува зад затворени врати.

Шефот на ОН, Антонио Гутереш, во меѓувреме предупредил дека светот не може да си дозволи голем конфликт во регионот на Заливот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг