Најпозитивното засилување на Арсенал по само една година во Лондон: Подобро ми беше во Италија

Дерби

13/06/2019

19:36

3.460

Големина на фонт

а а а

Арсенал имаше можност да ја зачини со трофеј првата сезона на Унаи Емери како менаџер на тимот од Северен Лондон, но откако избраниците на шпанскиот стручњак не прикажаа доволно добро издание за едно финале во Лига Европа, фановите мораа да се помират со уште една сезона без освоен трофеј.

„Топчиите“ ќе имаат лимитиран буџет за трансфери откако не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите, но она што посебно загрижува, еден од фудбалерите кој беше пријатно изненадување се пожали за својот престој во Англија. Лукас Тореира пристигна во Лондон пред само една година, а при искреното обраќање за медиумите во својот роден Уругвај, играчот за врска потенцираше дека многу подобро му било во Италија.

– Искрено, не знам дали имаше многу работи во кои уживав. Ми беше подобро во Италија. Англија е комплетно друг свет, голема земја и јазичната бариера ми направи проблем. Исто така не е добра и климата. Излегувате наутро и времето е облачно, се враќате дома, времето и натаму е облачно. Тоа е чудно за мене, но ако останам подолго, најверојатно ќе се адаптирам, – истакна Тореира кој со оваа изјава им даде можност на италијанските медиуми дополнително да пишуваат за шпекулациите кои го поврзуваат Уругваецот со Милан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг