Струга го отпушти тренерот на три кола до крајот на шампионатот

Дерби

02/05/2024

12:52

1.897

Големина на фонт

а а а

Екипата на Струга Трим Љум одлучи да се раздели со тренерот Шпетим Дуро на три кола до крајот на актуелниот шампионат во Првата македонска лига.

Вчерашниот пораз од Тиквеш од 3-2 ја прели чашата, па управата заедно со Дуро седнаа на маса и одлучија спогодбено да ја прекинат соработката.

Актуелниот македонски првак освои само четири бода на последните пет средби во лигата, резултати кои им овозможија на Шкендија и Шкупи да се залепат, поточно сега водечката тројка има по 58 поени што значи не очекува пеколна завршница на кампањата.

Дуро во минатата сезона стана шампион со Струга, но мора да се каже дека огромна заслуга за тоа имаше и Срѓан Захариевски кој го изгради, состави тимот кој потоа Шпетим го одведе до врвот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг