До оваа рајска плажа во Грција се стигнува за само 15 евра: Луѓето ја обожуваат, а еве каде се наоѓа

Точка

12/06/2019

14:30

5.935

Големина на фонт

а а а

Дефинитивно е една од најубавите плажи на светот. Популарното француско списание „Paris Match“ објавило листа на помалку познати плажи во Грција според искуствата од „TripAdvisor“. Меѓу најдобрите сепак ја прогласиле плажата Порто Кацики на Лефкада.

Плажата Порто Кацики се наоѓа на југо-запад од Лефкада, на околу 40 километри од главниот град, а за многумина е заштитен знак на островот.

До оваа плажа може да се стигне на два начина: со брод или со автомобил.


Морскиот сообраќај е од Нидри и Василики, а цената на картата е помеѓу 15 и 20 евра.

Тоа што треба да го проверите е дали тој ден во кој сакате да отпловите со брод е погоден за пловење поради честите ветрови кои го зафаќаат тој предел.


Доколку одите со автомобил тогаш ве очекува долго и бавно возење затоа што патот не е толку убав, а со оглед на тоа што на долг дел од патот ќе возите само по една лента, разминувањето со автомобилите ќе биде потешко. Но кога конечно ќе стигнете до плажата цената за паркинг е само три до пет евра, а таму има и неколку кантини каде што ќе може да купите храна и пијалок затоа што плажата е пуста.


Освен тоа што ќе се возите долго, пристапот до плажата е многу пристапен па затоа нема многу пешачење ниту пак скали за да стигнете до неа.

Можеби малку е напорно да се стигне до неа, но овој бисер е една од најубавите плажи на светот и никако не смеете да ја пропуштите доколку ја посетувате Лефката, па дури и Кефалонија која се наоѓа во близина.





Спонзорирани линкови

Маркетинг