Стотина македонски патници шест часа заглавени на скопскиот аеродром: "Чекаме долго време, авион нема!"

Точка

12/06/2019

10:48

3.836

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 150 македонски туристи од 2 часот наутро чекаат авион на "Онуе Ер" да ги пренесе до Хургада, но авион се уште нема.

ТВ Пресинг разговарал со некои од патниците, кои рекле дека повеќе од шест часа чекаат во терминалот, дека се смрзнати од клима уредите, а дека некои од патниците се со деца. 

Според информациите кои ги пренесува оваа телевизија, на патниците им било соопштено дека ќе дојде авион во 5 часот, па во 7. На крајот им било кажано дека летот ќе се случи во 10:40, но ни тоа не е сигурно.

"Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Неки се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување", рекла една патничка за ТВ Пресинг.

Патниците се јавиле и во туристчките агенции, од каде им било соопштено дека ќе дојде авион по нив од Анталија, но проблемот е во тоа што од турскиот град нема предвиден лет за Скопје.

Како и да е, првиот ден на Хургада на македонските туристи им е целосно загубен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг