Виктор Димовски назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност

Точка

11/06/2019

19:23

2.290

Големина на фонт

а а а

Владата денешната седница за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) го назначи Виктор Димовски, досегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи. Димовски, кој ќе ја предводи новоформираната Агенцијата за национална безбедност, е поранешен амбасадор и директор на Агенцијата за разузнавање.

Агенцијата за национална безбедност ќе ја замени Управата за безбедност и контраразузнување, која беше орган во состав на Министерството за внатрешни работи. Новата агенција е самостоен орган со директор именуван од Владата. 

Собранието на 22 мај ги изгласа со двотретинско мнозинство четирите клучни безбедносни реформски закони: Закон за Агенција за национална безбедност, Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Северна Македонија, Закон за следење на комуникациите и Закон за внатрешни работи, со кои се регулира работата на АНБ.

На денешната седница, Владата ја констатираше оставката на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски и на предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг