Мицевски: Барајте го дилерот, а не таксистот кој го возеше Богоевски

Макфакс

11/06/2019

14:54

1.501

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по констатирањетио на оставките на пратениците Никола Груевски и Павле Богоевски, од собраниската говорница до органите на прогонот порача да го бараат дилерот , а не таксистот кој го превезувал Богоевски.

„Не знам зошто се крева толкава фама, околу оставката на Богоевски. Сосема нормална работа е пратеник да поднесе оставка ако го прекршил законот. Тој е фатен во незаконити дејствија и нормално е да сноси одговорност. Истрагата во аферата со Бооевски треба да се насочи кон дилерот, а не кон таксистот за кој пратеникот тврдеше дека го снимил неговиот разговор кога нарачувал масло од канабис за близок болен роднина, а не дрога како што тврдеше лицето кое го објави снимениот разговор“, рече Мицевски од собраниската говорница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг