На токсикологија хоспитализирани 11 пациенти од вчерашниот пожар, сите во стабилна општа состојба

Макфакс

11/06/2019

14:27

1.009

Големина на фонт

а а а

Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода.

„Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми“, информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Меѓу хоспитализираните пациенти има 4 пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг