Мијалков рече дека кај Лазаревски на сметка биле најдени 100.000 евра

Макфакс

11/06/2019

14:09

1.294

Големина на фонт

а а а

Сашо Мијалков, ексшефот на УБК, го праша сведокот Звонко Костовски во случајот „Таргет – Тврдина”, дали знае дека наводно на сметката на Ѓорѓи Лазаревски се најдени 100 илјади евра и дали Костовски поседува акции во 40 илјади евра.

„Дали Костовски знае дека 100 илјади евра се најдени на сметката на Ѓорѓи Лазаревски и дали тој има акции од 40 илјади евра, како што тогаш беше истрагата. Дали службеник со плата од 500 евра може да направи толкаво конто”, праша Мијалков.

Костовски рече дека тврдењето на Мијалков е лага и шпекулација, а судијката Бегтовиќ го оцени прашањето како беспредметно.

Во предметот „Таргет – Тврдина“, покрај ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, обвинети се избеганиот поранешен началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК Никола Бошкоски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и 6 службеници.

Првото рочиште за масовното прислушување се одржа на 17 јануари 2018 година, а постапката е закочена неколку месеци на сослушување на вториот сведок на СЈО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг