Видео: Ново судење за „Таргет-Тврдина“, Јанкулоска и Мијалков се појавија во судот

Макфакс

11/06/2019

11:16

1.470

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд продолжува судењето за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина” на СЈО. Во судницата се појавија обвинетите ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Судењето треба да продолжи со вкрстено испрашување на сведокот Звонко Костовски од страна на Мијалков и со сослушување на сведокот Сашо Трајковски.

Вкрстено испрашување на Костовски почна на претходното рочиште. Случајот се наоѓа во доказна постапка.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг