„Имав односи со фудбалери од Реал Мадрид“: Исповед на фаталната секс бомба која е родена како маж

Точка

10/06/2019

19:59

10.112

Големина на фонт

а а а

Амор признала дека во еден од играчите дури и се заљубила. Шпанската пејачка (во обид) и некогашна ѕвезда на тамошното реално шоу, Амор Ромеира, дала интимно интервју за сајтот „El Epanol“ во кое зборувала за сексуалните односи со фудбалерите од Реал Мадрид.

Тоа веројатно не би било чудно доколку Амор не беше трансексуалка, односно да не беше родена како маж.

„Имав секс со многу фудбалери, а најмногу беа од Реал Мадрид. Во еден од нив дури и се заљубив. Станува збор за многу славен фудбалер. Го криев нашиот однос, само две мои пријателки знаеја за тоа“ - изјавила Амор, а потоа признала дека сето тоа се случувало во 2013-та година.

Неа ѝ дошло преку глава кога открила дека момчето од Реал Мадрид ја изневерува.

„Требаше дури и да одам на СП во Бразил 2014-та година за да го поддржувам тајно“ - изјавила таа.

„Да се биде сопруга на фудбалер е исто што и да се биде татко на Бамби. Мора да бидете свесни што сè вклучува таа врска. Да, тука е „Шанел“, живот во скапоцена куќа, но тука се и роговите на глава. Со тоа треба да се помирите.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг