Девет лица хоспитализирани на Токсикологија по пожарот во Кисела Вода

Макфакс

10/06/2019

18:38

2.924

Големина на фонт

а а а

Како последица од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во стан во Кисела Вода, девет лица, меѓу кои двајца пожарникари, се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија.

Во пожарот повреден е уште еден пожарникар, кој се здобил со изгореници на раката. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите се во добра општа состојба.

„Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад“, велат од МЗ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг