Ципрас попладнево ќе побара од Павлопулос предвремени парламентарни избори

Нетпрес

10/06/2019

10:00

982

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, попладнево од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе побара распуштање на Парламентот и објавување предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 7-ми јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Час и половина по средбата со Павлопулос, односно во 20 часот по локално време, Ципрас ќе ја претстави програмата на СИРИЗА за следните четири години.

Грчкиот премиер, одлуката за предвремени парламентарни избори ја донесе откако СИРИЗА загуби со голема разлика од Нова демократија на европските избори пред две седмици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг