Единствена Македонија: Заев ја понижува државата молејќи ги странските газди во Брисел

Макфакс

06/06/2019

15:03

1.314

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев продолжува да ја понижува Република Македонија на меѓународен план со најновото поданичко молење на неговите странаски газди во Брисел да дадат датум за преговори оти ќе паднела неговата влада, вели партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија преку соопштение.

Тие го повикуваат Заев да се врати дома, па наместо во Брисел, битката за својата Влада да ја води тука.

„Недозволиво е Заев да шета по Брисле и таму да ја бламира сопствената држава. Прашањето за една македонска влада се решава во Република Македонија, а не во Брисел и затоа, Зоран Заев за своите политики со кои избриша се што е македонско нека се соочи со македонскиот народ, па така, со сите расположиви демократски механизми да ја води борбата за својата власт доколку македонскиот народ е задоволен од него, а не да ја понижува својата држава кај европските бирократи.

Заев, џабе плачеш и молиш кај твоите странски газди по ходниците во Брисел да ти ја спасат марионетската власт во Скопје. Избриша име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ. Во земјата владее безаконие, корупуција и криминал. Ти нема спас од македонскиот народ кој драстично ќе те казни на следните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат“, велат од Единствена Македонија во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг