Француската полиција привела 121 лице за време на овие протести кои се одржаа низ повеќе градови во земјата, при што беа употребени солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите.
Француската полиција привела 121 лице за време на денешните протести во повеќе градови низ земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според официјалните податоци, на демонстрациите учествувале околу 106.000 луѓе, додека синдикатите проценуваат дека на улиците излегле околу 200.000 граѓани.
Во Париз биле приведени 22 лица, меѓу кои и тројца малолетници. Приведувањата главно биле поради носење оружје од категоријата Д, навреди и прекршување забрани за присуство на одредени места или учество на демонстрации.
Grande confusion, place de la Nation à Paris.
Absence totale de communication sur comment quitter la place : de nombreux manifestants ne savent pas par où quitter les lieux.
De nombreux mouvements de foule. Quelques blessés et quelques interpellations.
#14novembre https://t.co/iGwxC1fBaZ
Според Министерството, во француската престолнина протестирале околу 24.000 луѓе, додека младинските синдикати проценуваат дека бројот бил близу 100.000.
Низ Франција биле организирани повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржувале три одделни демонстрации – против предлог-законот за претпоставена законитост на употребата на оружје од припадниците на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против растот на трошоците за живот.
Напнато било во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На плоштадот „Нација“ во Париз полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, по што меѓу насобраните избила паника.
Во Нант полицијата употребила водени топови, додека во Бордо имало судири при кои поединци фрлале предмети кон полициските службеници.
Во Тулуз, според организаторите, протестирале околу 6.000 луѓе, додека полицијата проценила дека имало 1.800. Собирот таму поминал без инциденти.












