Салах помислил дека новинарката ќе го бакне, неговата реакција стана хит

Точка

04/06/2019

15:18

10.184

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот Мохамед Салах стана вирален хит по интервјуто со шпанската новинарка Изабел Форнер по победата на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.

Новинарката го интервјуирала Салах на теренот, а бидејќи сè уште имало врева на стадионот, таа му се приближила на фудбалерот за подобро да ја чуе. Но, се чини дека Салах помислил дека таа има намера да го бакне, па брзо се тргнал и ги подигнал рацете за да се “одбрани” од неа. 

Меѓутоа, набрзо сфатил дека дошло до забуна, а интервјуто продолжило и понатаму.

Мохамед Салах е во брак од 2013 година со својата школска љубов Маги која ја запознал уште кога живеел во египетското село Басиоун. Тие заедно ја имаат ќеркичката Макa.



Спонзорирани линкови

Маркетинг