Вторпат ви кажувам: Скопски Вардар – европски првак!

Нетпрес

04/06/2019

00:51

5.375

Големина на фонт

а а а

„Столе ти си наша икона“, скандираа илјадници граѓани кои се присутни на скопскиот плоштад „Македонија“, надвикувајќи го водителот кој ги пречека ракометарите на Вардар кои пристигнаа во центарот на градот.

Прв пред собраните граѓани се обрати капитенот Стојанче Стоилов. Насобраните граѓани во транс го повторуваа неговото име. Столе им порача на Македонците дека ракометарите се најголемите амбасадори на нашата земја.

Вторпат кажувам, скопски Вардар – европски првак! Овие овде позади мене, овие се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел од нив не се Македонци, ќе си одат во нивините држави и ќе кажуваат: си беше еден Вардар, во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од кариерите ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија!, изјави Стоилов пред насобраната толпа граѓани кои со часовите ги чекаат македонските херои да пристигнат во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг