Груевски поднесе оставка од пратеничката функција

Макфакс

01/06/2019

11:47

2.022

Големина на фонт

а а а

Екс-премиерот и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднесе оставка од пратеничката функција.

Тој одлуката ја соопшти преку неговиот профил на „Фејсбук“ и истакна дека формално ќе го извести парламентот во следните денови.

„Oдлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со Уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна поддршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“, напиша Никола Груевски на Фејсбук.

Претходно, предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски беше изгласан со пет гласа „за“, на комисиската седница.

За следната недела беше закажано гласањето за предлогот за одземање на мандатот на пленарна седница во Собрание, за што согласно е потребно двотретинско мнозинство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг