Природни актови во надреални пејзажи

Точка

30/05/2019

21:20

7.825

Големина на фонт

а а а

Интимност и разнобојност, суровост и романтичност - сето ова се наоѓа во нејзината прва соло-изложба.

За Кејт Белм, фотографијата е прилика да го прикаже светот и да стапи во контакт со природните чуда во него. Нејзината прва изложба „Night Sky Rising“ ја истражува прекрасната убавина на природата преку надреализмот.


Од идилични пејзажи до слободни актови, секоја фотографија ве носи подлабоко во својата хипнотичка перспектива. Во време кога светот е полн со тензии, оваа Британка нуди ексапизам на духот на слободата, младоста и природата - кој често се губи или заборава.


„Најважното чувство кое сакам да го споделам преку својата работа е чувството на слобода и можноста да се живее со помалку, а да се постигне повеќе“, вели Кет.


„Мојата омилена работа е онаа кога мојот сопруг Едгар со скејборд оди на пат покрај океанот во Мексико. Тоа претставува чувство на вистинска слобода, кое ме тера да продолжам да патувам, да запознавам луѓе и да се тестирам самата себе. Ако ништо друго, барем можам да ги инспирирам другите да го направат истото“, заклучува таа. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг