Американски војници "одрани" на популарниот грчки остров: Сакал да се почести со лигњи и пиво, но кога ја видел сметката "му се стемнило"

Точка

29/05/2019

14:22

2.856

Големина на фонт

а а а

Американскиот војник Сиско Рок сакал во еден ресторан на Миконос да се почести со лигњи и пиво, но на ваква сметка воопшто не се надевал.

Имено, лигњите чинеле 591 евро, а вкупната сметка изнесувала 836 евра. 

Нарачани биле и три Цезар салати, шест пива, две шишиња вода и кечап за лигњите. Изгледа дека биле нарачани 6 порции лигњи, но износот од 600 евра секако е огромен.

Американецот видно бесен на сајтот TripAdvisor го критикувал ресторанот, предупредувајќи ги останатите никако да не одат таму бидејќи станува збор за измама.

Нагласил дека персоналот воопшто не им дава ценовници на странците. Набрзо се јавил уште еден гостин на истиот ресторан кој рекол дека за две чаши вино морал да плати 136 евра и дека кафето чини 22 евра.

Сепак, локалот тврди дека на гостите уредно им покажува менија со цените.

И покрај негативните коментари, ресторанот е оценет со 4 ѕвезди, а имало и задоволни гости кои во рецензијата напишале дека персоналот бил многу љубезен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг