Фотографијата брзо била споделена од други корисници на социјалните медиуми кои не можеле да веруваат дека е реална, со коментари како "не ми се верува дека ова е фотографија од Монт Еверест од 2019-та година" и "ова личи како забавно, а не лошо".
На почетокот на оваа недела, американскиот планинар Дон Кеш починал на Еверест неколку часа откако дошол до врвот. Како што пишува Алан Арнет за "Outside", Кеш бил еден од околу 200 луѓе кои се искачиле на врвот тој ден, и налетал на "сообраќаен метеж" при враќањето надолу. "Кога Кеш и неговите водичи пристигнале до Хилари Степ, тие биле принудени да го чекаат својот ред барем два часа", напишал Арнет.
Денес, можеме подобро да разбереме како изгледал "сообраќајниот метеж" на Еверст:
Планинарот Нирмал Пурџа ја објавил оваа фотографија на 23-ти мај. Покажува густа линија од планинари на нивното патување кон Хилари Степ. "Се искачував на Еверест во 5:30 и покрај густиот сообраќај (околу 320 луѓе)", напишал Пурџа, кој моментално се обидува да се искачи на сите “14 Хималаи”, врвови повисоки од 8.000 метри, во само една сезона.
Фотографијата брзо била споделена од други корисници на социјалните медиуми кои не можеле да веруваат дека е реална, со коментари како "не ми се верува дека ова е фотографија од Монт Еверест од 2019-та година" и "ова личи како забавно, а не лошо".
Ова можеби е најиконска фотографија од модерен Еверест уште од 2012-та година, кога Ралф Дујмовитс фотографирал уште една "конга линија" од планинари.
Ова не е прв доказ за сериозно "пренатрупување" на планината оваа сезона - на 19-ти април, фотографија од планинари заглавени на Кумбу Ајсфол исто така предизвикала шок:
This is the scene of Khumbu icefall on April 19, as several climbers were on their way up high camps for the first rotation. https://t.co/EC4O5w22Vf #Everest2019 pic.twitter.com/OWOxT3bqlF
— Everest Today (@EverestToday) April 24, 2019
Арнет претходно објавил дека оваа година рекорден број на луѓе се искачуваат на Еверест.