Кина воведува воз кој е малку побавен од авион: Еве кога ќе влезе во употреба

Точка

24/05/2019

12:08

3.626

Големина на фонт

а а а

Кина го претставила прототипот на магнетно левитациски воз, кој може да достигне брзина од 600 километри на час.

Кинеската телевизија го забележала претставувањето на возот организирано во Чингдао, а проектот го развива кинеската државна компанија "China Railway Rolling Stoke Corporation". 

Заменик главниот инженер Динг Сансна рекол дека прототипот ќе мое да ги провери клучните технологии и системски компоненти на возот со голема брзина.

Прототипот со еден вагон од производната лента би требало да се симне во 2020-та година и да направи тест возење од пет километри

Компанијата во 2021-ва би требало да ги заврши тестовите за возот.

Споменатиот воз, доколку биде ставен во функција, би требало да ја пополни празнината меѓу возовите кои одат меѓу 350 и 400 километри на час и патничките авиони кои летаат со брзина од 800 km/h.

Првиот комерцијален магнетно левитациски воз е ставен во функција во Нагоја, во Јапонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг