Скрипал е жив?: Првпат по несреќата објавен аудио запис на кој се слуша неговиот глас

Точка

23/05/2019

20:49

3.832

Големина на фонт

а а а

Двојниот руски агент, Сергеј Скрипал, кој минатата година бил отруен во Велика Британија, снимен е првпат после несреќата како зборува.

На 30-секундниот запис, кој го објави руски таблоид, а кој го пренесоа светски медиуми, се слуша гласот на Скрипал како остава гласовна порака на неговата внука Викторија, а во која, на неа и на нејзината мајка Елена им го честита Денот на победата.

На снимката кажува дека тој и неговата ќерка Јулија, која исто така е отруена минатата година, се добро.

„Здраво Викторија, овде е вујко Серјожа. Се обидов да те добијам, но не ми одговараш. Ти го честитам празникот, ви посакувам сè најдобро. Што правите, како е твојот сопруг? Честитај ѝ празник и на мама. Ќе се слушнеме подоцна“, рекол Скрипал во аудио записот.

Како што се наведува, тој ја побарал Викторија на мобилен телефон и ѝ оставил порака, кога таа не се јавила.

За разлика од Јулија Скрипал, Сергеј ниту еднаш не се огласи по несреќата.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени во март минатата година, за што Велика Британија ја обвини Русија, а Москва негираше вмешаност во случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг