Вчера сте ја измиле косата, а веќе е мрсна?: Трикови со кои косата ќе ви остане чиста и до седум дена

Точка

23/05/2019

19:37

3.911

Големина на фонт

а а а

Постојат неколку едноставни начини кои ќе ви овозможат поретко да ја миете косата. Сигурно неколку пати ви се случило да го прескокнете редовниот ден во кој ја миете вашата коса и одеднаш таа изгледа толку нечиста што освен топла вода и шампон ништо друго не може да ѝ помогне.

Но што доколку ви кажеме дека постојат неколку едноставни начини кои ќе ви овозможат што поретко да ја миете вашата коса?

Првиот совет е да оставите косата да ви се суши по природен пат, а употребата на препарати за нејзино стилизирање да ги користите само за специјални пригоди.


Со фен исушете го коренот на косата

Кога ќе ја измиете вашата коса, оставете ја да се исуши по природен пат, но коренот на косата исушете го со фен. Тоа ви овозможува да имате коса која помалку ќе ви биде мрсна и која ќе има волумен.

Користете капа за време на туширање

Кога се туширате задолжително користете капа за туширање затоа што само така ќе успеете да спречите создавање на хаотичен неред во вашата коса предизвикан од влагата.


Шампон за суво миење на косата пред спиење

Секако, шампонот за суво миење на косата е едно од решенијата. Сепак тој ќе заблеска во целосен сјај кога ќе го нанесете на вашата коса пред спиење. Следното утро ќе се разбудите со коса полна со волумен. Исто така пробајте помалку да ја допирате вашата коса со прстите затоа што на тој начин уште повеќе ја мрсите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг